31.08.2023 Скопје
Германската федерална статистичка служба Дестатис објави дека германската трговија на мало во јули се намали за 2,2 отсто на годишно ниво.
На веб-страницата на Дестатис со седиште во Визбаден се наведуа дека во истиот период, продажбата на мало во Германија номинално се зголемила за 2,7 отсто, а реално паднала за 2,2 отсто, а оваа разлика одразува значително зголемување на цените на мало.
Пазарите очекуваа пад на продажбата на мало во однос на ланскиот јули, но прогнозираат дека ќе биде помал, за 1,0 отсто.
На месечна основа, трговијата на мало во Германија во јули се намали за 0,8 отсто.
Тоа е неочекуван пад, бидејќи пазарите го прогнозираа спротивното, раст од 0,3 отсто.
Германците потрошиле повеќе пари на храна во јули отколку во јуни – за 2,0 отсто, но помалку на облека, каде што е забележан пад од 3,3 отсто.
Подготвено од А.Ѓ.