14.08.2023 Скопје
Германското снабдување на Украина со ракети „Тaurus“ со долг дострел нема да доведе до ескалација, соопшти украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.
Според германските медиуми, канцеларот Олаф Шолц, пред да испрати ракети во Киев, сака да се увери дека се направени технички промени за да се спречат украинските сили да ја нападнат руската територија.
Украинскиот министер додаде дека, оружјето што го испорачува Германија веќе има спасено многу животи, бидејќи се користи само во границите на Украина, за да ги ослободат своите територии кои им припаѓаат според Повелбата на ОН и меѓународното право.
Според Шолц, неопходно е да се оцени „што има смисла да се прави и што може да биде придонесот“ на Берлин во контекст на воената помош за Киев.
Отфрлајќи ги гласините за двоумење што протекоа во германските медиуми во врска со потенцијалната испорака на ракетите „Тaurus“ што ги побара Украина, канцеларот објасни дека не сака да носи „избрзани одлуки“, нагласувајќи дека Киев веќе ги има крстосувачките ракети што ги испорачува Обединетото Кралство и Франција .
Подготвено од М.Н.