16.08.2023 Скопје
Германската влада го одобри нацрт-законот со кој се предвидува легализација на канабисот за рекреативни цели.
Ова е дополнителен чекор напред за нацрт-законот кој, сепак сега ќе треба да го разгледа Парламентот.
Законодавството предложено од извршната власт ќе овозможи купување, почнувајќи од 18-годишна возраст, до 25 грама канабис, а според предлог-законот, ќе може да се одгледуваат и до три растенија канабис за лична употреба.
Новата легислатива предвидува создавање непрофитни здруженија чии полнолетни членови, (нивниот број е ограничен на 500), ќе можат да го одгледуваат растението за самостојно консумирање, под надзор на јавните власти.
Овие „Социјални клубови за канабис“, ќе имаат регулирана активност во однос на понудата и возраста на луѓето на кои ќе им се дистрибуира канабисот.
Понатаму, потрошувачката мора да се одвива надвор од овие клубови и ќе биде забранета на 200 метри од училиштата, игралиштата, спортските терени и младинските здруженија.
Во врска со нацрт-законот, министерот за здравство Карл Лаутербах планира да започне кампања за подигање на свеста наменета за младите луѓе за опасностите од канабисот за мозокот „особено штетно кога тој се уште е во период на раст“.
Подготвено од М.Н.