germanija

29.08.2023 Скопје

Во септември се очекува намалување на индексот на доверба на потрошувачите во Германија, поради падот на очекувањата за приходите и склоноста кон купување.

Ова го откри истражувањето на институтот за истражување на пазарот GfK, според кое индексот на довербата на потрошувачите на институтот паднал на -25,5 во септември од -24,6 во август.

Со оглед на тоа дека довербата на потрошувачите се очекува да остане ниска во наредните месеци, приватната потрошувачка нема да има позитивен придонес за севкупниот економски развој оваа година и ќе влијае на изгледите за раст на Германија, стои во извештајот од истражувањето на GfK.

Подготвено од М.Н.

About Author