07.08.2023 Скопје
На својот Фејсбук профил, ФК Блато Загреб објави видео на кое може да се види како реката Сава се излева и за три минути го „проголтува“ нивното фудбалско игралиште.
Ова видео од безбедносните камери на загрепскиот фудбалски нисколигаш покажува колку сме немоќни пред природата.
Словенија и Хрватска се борат со огромните поплави предизвикани од невиденото невреме кое зафати голем дел од Европа.
Нивното игралиште е на лоша местоположба, бидејќи се наоѓа веднаш до товарниот канал Сава-Одра, кој не се користи повеќе од 10 години, но поради високиот водостој повторно е во функција.
Споменатиот канал кај населбата Јанкомир досега бил во функција само седум пати: двапати во 1979 година, потоа во 1980, 1990, 1998, 2010 и 2012 година.
Подготвено од А.Ѓ.