stadion magazin

26.08.2023 Скопје

Во северниот дел на Атлантскиот Океан, помеѓу Исланд и Шкотска, мамат со својата убавина, островите познати како Фарски.

Овие вулкански острови, кои ѝ припаѓаат на Данска, меѓусебно се поврзани со два подземни тунели, три моста и бројни фериботи. Островите се украсени со карпи, зелени долини и фјордови, па можеме да ги наречеме рај за сите љубители на природата. Но, ги привлекуваат и фудбалските фанови бидејќи таму се наоѓа едно од најубавите фудбалски игралишта во светот.

Фудбалскиот стадион наречен „Аије“ можете да го најдете на источниот остров Ејстурој. Некогаш бил главен терен на фудбалскиот клуб ЕБ Стрејмур, а денес се користи за кампување. И покрај тоа, сè уште го одзема здивот поради својата локација. Фудбалскиот стадион се наоѓа покрај работ на океанот и опкружен со планини, недалеку од истоименото село, каде што живеат само околу седумстотини жители.

Недалеку од „Аије“ се познатите карпи, Рисин и Келингин, познати како Џинот и Вештерка, како и прекрасно езеро. Новиот стадион се наоѓа во самото село Аиди, на помалку драматична локација, па нема страв топката да заврши во океанот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author