Image by standret on Freepik

16.08.2023 Скопје

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) тврди дека открила финска разузнавачка шпионска мрежа која со години се обидува да регрутира руски државјани, вклучително и дипломати, за да собира информации за внатрешните работи на Москва.

Неименуван извор од ФСБ за руските медиуми изјавил дека Финска поставила десетици прислушувања на различни локации околу руската амбасада во Хелсинки и извршила надзор над рускиот персонал кој работел таму.

На некои дипломати, наводно, дури им пристапиле и оперативци на Финската безбедносна разузнавачка служба (SUPO) со понуди да дадат информации за внатрешните работи на Русија.

Финските шпиони, исто така, наводно соработувале со руските опозициски партии и имале лични состаноци со нивните лидери на руска територија за да го проценат расположението во земјата.

И покрај тоа што со години има главно позитивни односи со Русија, со која ја дели границата од 1.300 километри, Финска беше една од првите земји што значително ги намали врските со Москва по почетокот на специјалната воена операција во Украина.

Оттогаш, нордиската земја зазема сè повеќе антируски став, охрабрувајќи ги своите компании целосно да ја напуштат земјата, протерувајќи руски дипломати, затворајќи ја руската амбасада во Турку и приклучувајќи се на воениот блок на НАТО предводен од САД.

Финскиот претседател Саули Нинисто минатиот месец призна дека обидите на неговата земја да ја наруши руската економија немале значително влијание.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author