30.08.2023 Скопје
Шефот на Претседателскиот совет на Либија, Мохамед Менфи, вчера вечерта се сретна со специјалниот пратеник на Франција, Пол Солер, кој му врачи покана да учествува на „меѓународната мировна конференција“, која што Париз ја организира во ноември.
Менфи ја изрази својата благодарност за интересот на францускиот претседател Емануел Макрон за либиското досие и му се заблагодари за поканата да учествува на меѓународната мировна конференција што ќе се одржи во Париз.
Парискиот мировен форум 2023 година, е иницијатива што француското претседателство ја организира секоја година и стигна до своето шесто издание.
Либискиот претседател ја истакна потребата да се обединат сите либиски институции и да се продолжат напорите за консолидирање на постигнатиот консензус во координација со претставникот на Обединетите нации во Либија, Абдулаје Батили.
Подготвено од М.Н.