breton eu investicii

10.08.2023 Скопје

Европската унија ќе инвестира над 100 милијарди евра до 2030 година за производството на електронски чипови и полупроводници да достигне 20 отсто од светскиот капацитет.

Ова го изјави европскиот комесар за единствен пазар, Тиери Бретон, додавајќи дека ЕУ оваа цел би можела да ја постигне и побрзо од очекуваното.

„Го имавме овој капацитет пред 30 години, но постепено го загубивме во корист на Азија и сега достигнуваме само 9 отсто од глобалното производство“, истакна еврокомесарот.

Бретон додаде дека, досега се доделени 43 милијарди евра во грантови и дека моментално има повеќе од 68 проекти во 19 земји кои ќе овозможат да се врати конкурентност, а исто така и стратешка автономија на Европа.

Подготвено од М.Н.

About Author