24.08.2023 Скопје
Ниту на жените ниту на мажите не им е пријатно кога стомакот им станува поголем. Некои дами кои се борат со овој проблем со вежби и диети, но секогаш се се собира токму таму, околу половината.
Луѓето се дебелеат и при хормонални пореметувања, а стресот е главната причина за таквата состојба. Кортизолот се произведува од истата жлезда која произведува адреналин. Кортизолот е последица на хроничен стрес, може да се акумулира, да создаде хормонален дисбаланс и таложење на маснотии на стомакот.
Истиот проблем го имаат и жените кои имаат премногу или премалку естроген, да речеме во менопауза. Кај мажите, нерамнотежата на тестостеронот е фатална за нивната добра линија. Стресот влијае и на нивните хормони.
Ако ги ублажувате стресните ситуации тешејќи се со храна која е полна со рафиниран шеќер и едноставни јаглехидрати и лоши масти, очекувајте поголем стомак. Обидете се да најдете некој друг начин за ослободување од стресот.
За здравјето и изгледот не е важна само храната, туку и течностите кои ги внесуваме во организмот. Затоа пијте вода бидејќи тоа е наједноставниот, најприродниот и најевтиниот пијалок, а телото го сака. Чаша вода пред оброк го намалува апетитот, па помага да се заштитите од прејадување.
Подготвено од А.Ѓ.