01.08.2023 Скопје

Во Кина повеќе од 52.000 жители на Пекинг се евакуирани поради обилните дождови и неколку патишта се затворени.

Затворени се и 107 планински патишта, а работата е прекината на 4.069 градилишта. Затворени се и многу атракции во Пекинг.

Претходно, денеска властите во Пекинг објавија црвено ниво на тревога поради метеоролошката закана поради бурните дождови во кои загинаа две лица.

Обилни врнежи во текот на вчерашниот ден го зафатија сообраќајот на јавниот превоз на 428 линии, сообраќајот е во прекин на 346 линии.

Меѓународниот аеродром во Пекинг поради невремето откажа 40 летови, а многу летови се одложени.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *