https://www.flickr.com/photos/workflo81/6835091887/in/photolist-bpZCFR-5Su9JM-QyLz3n-8K4zy-2kovvCd-2kouT7G-2kouT8U-2kouSHL-2kor3Qu-2kovvxy-2kor47r-2kouT2S-2kouSVe-2kor3U7-2fMnTKg-2kor43U-2kor42b-2kovvk9-2kor3Yq-2kovvsJ-2kouSR6-2kovvm1-2kouT4F-2kor3N5-2kouT19-2kouSWG-2kouT8t-2kovvuC-2kouSR1-2kouSQp-2kor43P-2kouT64-2kor3My-2kouT7g-2kovvs8-2kouT3i-2kouSVV-2kouSMo-2kouSNa-tyYpLw-qFUfKw-asWryK-asVPE4-5ykLj-XHvikb-2hTkobq-rffTaL-asWrvc-2nvdia8-joZu7h

10.08.2023 Скопје

Оние граѓани кои претходно го исклучиче парното во своите домови од системот за топлинско греење, до 31 август можат повторно бесплатно да го приклучат.

ЕСМ Снабдување спроведува акција за бесплатно приклучување по принципот „прв пријавен, прв услужен“, а важи за сите заинтересираните корисници кои имаат техничка можност, но не се приклучени на системот за топлинска енергија.

Од ЕСМ информираат дека поволностите од акцијата за бесплатно приклучување важат само во објектите кои се приклучени на централниот систем за греење и каде има техничка можност за приклучување на станот или деловниот простор.

„За да ја искористат можноста за бесплатно приклучување, заинтересираните потрошувачи треба што поскоро, а најдоцна до 31 август, да поднесат писмено барање за приклучување во некој од пунктовите за потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина. По завршување на акцијата, односно од 1-ви септември 2023 година, приклучувањето ќе се наплаќа во целост, согласно важечкиот ценовник“, истакнуваат од ЕСМ.

Оттаму додаваат дека потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02/3076-200 и 075/400-100 за подетално да се информираат за постапката за приклучување.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author