22.08.2023 Скопје
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ги продолжи телефонските разговори со претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, но се уште нема прецизни датуми за овие разговори, изјави извор од администрацијата на турскиот претседател.
Во надворешната политика на Турција постои концептот на „телефонска дипломатија“, кој беше развиен благодарение на напорите на претседателот Ердоган.
Тој одржува постојан контакт со лидерите на двете страни.
За претседателот темата „Решавање на конфликтот во Украина“ е приоритет, така што оваа линија, линијата „телефонска дипломатија“ ќе продолжи.
Главната цел е да се постигне одржлив прекин на огнот и продолжување на мировните преговори, истакна изворот од администрацијата на Ердоган.
Подготвено од М.Н.