polska granici

08.08.2023 Скопје

Полскиот заменик-министер за внатрешни работи, Мачеј Воншик, на прес-конференција изјави дека, Полска 95 отсто го заврши зајакнувањето на границата со руската област Калининград со електронски систем за следење.

„Септемврискиот рок за завршување на оваа бариера не е загрозен“, изјави Воншик.

Покрај изградбата на бариера опремена со електронски алатки, полските вооружени сили ја опремија границата со регионот Калининград и со бодликава жица.

Според полските власти, оградата вклучува систем на сензори и камери, со кои е овозможено следење на границата 24 часа на ден, без оглед на временските услови, и без потреба да се биде на граничната линија.

Исто така, на патиштата кои водат до границите со Русија и Белорусија, полските граничари како дополнително обезбедување поставија метални и бетонски противтенковски бариери.

Подготвено од М.Н.

About Author