bambus velosiped 123

05.08.2023 Скопје

Туристите во главниот град на Куба, Хавана, покрај класичните начини на превоз, почнаа да користат и еколошки велосипеди од бамбус, произведени како дел од програмата финансирана од амбасадата на Холандија во таа земја.

Велосипеди произведени од туристичката агенција „Вело Куба“ веќе може да се видат во зоолошката градина и покрај брегот.

Основачот на агенцијата, Нејвис Диас, објаснува дека на Куба има 28 видови бамбус, од кои два или три се користат за производство на велосипеди.

Тој рече дека агенцијата соработувала со волонтери кои и помагаат на заедницата на глуви да ги обучат жителите да прават и поправаат велосипеди од бамбус.

Диас вели дека некои од оние кои го посетуваат курсот ќе можат да се вработат во продавница за велосипеди или да започнат сопствен мал бизнис.

Транспортот и постојаното вработување се хронични проблеми во Куба, каде економијата е тешко погодена од пандемијата на коронавирус.

Куба нагласува дека санкциите на САД од времето на Студената војна го кочат нејзиниот економски раст и дека ембаргото доведе до недостиг на увезени автомобили, оставајќи ги жителите да се потпрат на децениските модели од Кина, кои почнаа да пристигнуваат во 1990-тите.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author