secki kanal nafta egiped

22.08.2023 Скопје

Египетското Министерство за нафта објави ново откритие нафта во концесиската област Геисум и Тавила Запад во Суецкиот залив.

Според соопштението на Министерството за нафта, откритието го донела египетската компанија „Шеирон“ преку истражниот бунар „Гнн-11“, кој моментално произведува повеќе од 2.500 барели дневно.

Бунарот е четвртиот што е завршен и уште три би можеле да се дупчат како дел од тековната фаза на истражување.

Со операциите на терен управува компанијата Petrol Galf, во име на египетската корпорација General Petroleum, Cherion и Кувајтската компанија за истражување на нафта во странство (Кufpec).

Подготвено од М.Н.

About Author