chitanje kniga

18.08.2023 Скопје

Иако сите добро знаеме дека не можеме да го запреме процесот на стареење, експертите не уверуваат дека можеме да се обидеме да го забавиме. Многу едноставни секојдневни навики се поврзани со подолг живот и не бараат трошење пари. Една од тие навики е читањето пред спиење.

Студијата од 2016 година покажа интересни резултати кои откриваат дека луѓето над 50 години кои имаат навика да ја читаат омилената книга пред спиење живеат во просек две години подолго од оние кои не ја читаат.

Научниците ги проучувале моделите на читање на повеќе од 3.600 луѓе на возраст над 50 години. Во текот на нивниот 12-годишен период на следење, 33 отсто од луѓето кои не читале починале, во споредба со 27 отсто од оние кои читале на дневна основа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author