x

01.08.2023 Скопје

Огромното сјајно лого X е симнато од покривот на облакодер во Сан Франциско што го означуваше седиштето на компанијата X на американскиот милијардер Илон Маск, порано позната како Твитер, откако соседите се пожалија дека е премногу светло.

Градското одделение за згради доби 24 поплаки во текот на викендот, откако во петокот на покривот на седиштето на компанијата во центарот на Сан Франциско беше поставено џиновско лого X, а соседите се пожалија на силната светлина.

Во понеделникот поради тие поплаки почна симнувањето на логото.

Одделот соопшти дека Маск ќе плати казна за незаконско инсталирање на „прозрачна структура“.

Компанијата Х соопшти дека отстранувањето било доброволно.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author