26.08.2023 Скопје
Премиерот на Црна Гора во заминување, Дритан Абазовиќ, изјави дека доколку се формира нова влада во државата, тој со својата партија со задоволство ќе биде во опозиција.
Абазовиќ посочи дека Црна Гора нема да има поинклузивна влада од неговата, додавајќи дека сега сите се застапени во неговата влада.
Тој изјави дека нема да ја извршува функцијата пратеник се додека не се избере новата извршна власт, како и дека не може да поднесе оставка од премиерската функција бидејќи нема кој да го замени.
Абазовиќ додаде дека му е многу драго што неговата партија не е дел од „расправијата што се појави“.
Движењето „Европа сега“ предводено од Милојко Спајиќ синоќа одржа состанок, по кој беше соопштено дека постои апсолутна согласност меѓу членовите на партијата околу формирањето на 44-та влада.
На средбата не беа поканети претставниците на ЦИВИС и Обединета Црна Гора, кои одделно преговараат со мандатарот, а локалните медиуми соопштија дека во сегашната ситуација, дел од новата влада би можеле да бидат ПЕС, Демократска Црна Гора, партиите на малцинствата и СНП на Црна Гора.
Подготвено од М.Н.