poplava drava

08.08.2023 Скопје

Припадниците на хрватската армија, од кои 150, вчера попладне беа испратени во областа Хлебин кај Копривница, каде што ќе бидат ангажирани во одбрана од поплави, бидејќи Драва достигна рекордно ниво.

Министерството за одбрана соопшти дека тие се ангажирани по барање на Штабот за цивилна заштита кој е надлежен за заштита и спасување и координација на тие активности.

Хрватските медиуми јавуваат дека Драва упаднала во езерото Шодерица кај Копривница и го уништила брегот, го поплавила кампот, шеталиштето и останатиот простор кај железницата и ресторанот Рибички дом, а се урнала и куќата.

Водениот бран го урна и патот кај Шодерица.

Критично е во неколку населени места долж Драва меѓу Копривница и Ѓурѓевац, а на Дриње поплавени се неколку куќи, а неколку лица се евакуирани.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author