09.08.2023 Скопје
Народната банка на Србија објави дека на крајот на првиот квартал од оваа година, долгот на Србија кон Кина изнесува 3,7 милијарди евра, што претставува 8,4 отсто од вкупниот надворешен долг на Република Србија.
НБС наведе дека надворешниот долг на јавниот сектор изнесува 2,3 милијарди евра (61 отсто од вкупниот долг кон Кина) и дека е целосно поврзан со заеми за финансирање инфраструктурни проекти и подобрување на енергетскиот сектор.
Надворешниот долг на приватниот сектор изнесува 1,4 милијарди евра (39 отсто од вкупниот долг кон Кина), а најголемиот дел (околу 87 отсто) од долгот на приватниот сектор кон Кина се однесува на долгот кон поврзаните субјекти – заеми доделени на подружници во Србија по мајка од Кина, наведуваат од НБС.
Централната банка потсетува дека во претходниот период, особено од 2016 година, значително е зголемен приливот на странски директни инвестиции од Кина.
Подготвено од А.Ѓ.