patnicko osiguruvanje

03.08.2023 Скопје

Лекувањето во странство би можело да чини десет, па дури и неколку стотици пати повеќе од цената на патничкото осигурување.

Покритието за медицински третман во странство треба да биде приоритет број еден при купувањето патничко осигурување, бидејќи доколку склучите полиса за патничко осигурување, овие трошоци ќе ги покрие осигурителната компанија.

Според едно истражување на група туристи, добиени се информации дека третманот може да чини до 1.200 евра ако ја скршите раката додека скијате во Франција, до 270.000 евра ако доживеете срцев удар во САД и до 14.000 евра ако ве касне медуза во Австралија.

Трошоците за труење со храна во Франција изнесуваат 300 евра, во Шпанија 2.350, во Мексико 4.090, а во САД 5.845 евра.

Според истражувањето на туристите, наведено е дека и само рецепт за лекови против болки некаде чини мало богатство, односно во Франција е потребно да се издвојат 23 евра, во Шпанија 175, во Тајланд 410, а во Јамајка дури 880 евра.

Подготвено од М.Н.

About Author