jsp protest

17.08.2023 Скопје

Проблемот со редовна исплата на платите продолжува и станува болно за вработените во ЈСП и нивните семејства, а и за граѓаните во Град Скопје.

Утринава раководството на синдикатите ќе бидат пред Град Скопје и ќе бараат средба со градоначалничката, а исто така ќе бараат и исплата на јулската плата.

Доколку тоа не се случи, од утре гладните вработени повторно ќе излезат на протест, изјави Миќо Стојановски, претседател на еден од трите репрезентативни синдикати во ЈСП.

Стојановски истакна дека сите работни задачи ги извршуваат согласно закон и акти на претпријатието, и поради тоа нередовната исплата на платите не е прифатливо за никој од ЈСП.

Стојановски додаде дека, моментално во ЈСП се само 1.100 вработени, бидејќи многу го напуштиле претпријатието поради нередовните плати и нискиот личен доход.

Подготвено од М.Н.

About Author