https://www.flickr.com/photos/98897964@N06/15558303549/in/photolist-6wdRoZ-8AH9x2-pZoUr5-pGSEt7-5nipF2-pGQnAV-p3wrTa-pZg3FR-2n8aX3z-8WyKZK-cGE1X3-7duEjV-2kYq74t-VwPhx6-ULb69w-2kYjAqo-5niokt-5nnDsE-2kYp3Ue-2kYit1y-2kYitbD-5NeMh9-ahXZLE-2kYp3RJ-2kYit9e-5nipq4-6sNxLE-5nnFxj-2kYeXFJ-6eZPQg-bZMmQC-bZMn1h-xZzgxw-bSbh6c-bSbh5g-bZMmH5-8zsGuH-2m1r8kN-9pybT6-2m1kENf-2kYizKk-5nnE2N-2nY1bt4-2m1pF1e-2m1pF2g-2m1pF4L-2m1kEQz-2m1h2AS-2m1kEV9-2m1h2E9

04.08.2023 Скопје

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, на прес-конференцијата со српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека санкциите што ги имаат воведено САД не се ниту лесни ниту едноставни бидејќи доаѓаат од најсилната земја во светот.

Додик истакна дека САД водат антисрпска политика од почетокот на распадот на Југославија до денес и дека имаат воведено санкции по наредби од Сараево, кои, како што рече, Дејтон и Република Српска ги негираат, како на пример Денис Беќировиќ, бошњачки член на Претседателството на БиХ.

Исто така, Додик изјави дека Србија и Република Српска имаат најдобра можна соработка која ќе ја продолжат и во иднина, како и дека заеднички ќе одбележуваат комеморативни датуми, како што е бомбардирањето на српската бегалска колона по хрватската операција „Бура“. Воедно, нагласи и дека ќе се искористат сите права за казнување на одговорните за тоа дело.

Додик рече дека Република Српска и Србија ќе ја продолжат и продлабочат соработката во рамките на Дејтонскиот договор, односно договорот за посебни и паралелни односи.

Тој рече дека е задоволен што денеска Радован Вишковиќ, премиер на Република Српска и Ана Брнабиќ, премиер на Србија, потпишаа меморандум за изградба на два идентични меморијални центри во Доња Градина и во Белград посветени на жртвите од Јасеновац.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author