15.08.2023 Скопје
Претседателот на Комисијата за исчезнати лица на Владата на Србија, Вељко Одаловиќ, изјави дека постапките на косовскиот премиер Албин Курти се неприфатливи и дека си игра со оган, што може да предизвика „пожар“ во регионот.
Одаловиќ, коментирајќи ја посетата на Курти на Република Северна Македонија, покрај официјалните протоколи, со симболите на Голема Албанија, изјави дека тоа се работи кои што мора да се санкционираат, бидејќи е неприфатливо такви работи да се случуваат на територијата на суверена држава.
Косовскиот премиер се обидува да се претстави и како лидер на Албанците на југот на Србија, во општините Прешево и Бујановац, истакна Одаловиќ.
„Европа е на одмор и молчи. На Србија не и одговара овој одмор, во период кога треба активностите да се одвиваат во однос на прашањето за северно Косово и Метохија, деескалација и подготовки за избори, како што е договорено, но она што го слушаме не затоа што е очигледно дека мора да се осудат ваквите работи, бидејќи ова е опасна ситуација, ова е играње со оган“, оценува Вељко Одаловиќ.
Подготвено од М.Н.