https://www.facebook.com/photo.php?fbid=863754201772569&set=pb.100044139924327.-2207520000.&type=3

12.08.2023 Скопје

На состаноците што министерот за надворешни работи, и претседавач со ОБСЕ, Бујар Осмни ги имаше со претседателот на Казахстан, Касум-Јомарт Токајев и министерот за надворешни работи, Мурат Нуртлеу, во Астана, се потврди договорот за отварање на амбасада на Казахстан во Скопје до крајот на 2023 година.

Во соопштението на МНР се наведува дека оваа одлука на казахстанската Влада покажува дека Казахстан ја смета Република Северна Македонија како партнер од доверба во овој дел од Европа и е реализирање на конкретната заложба од декларацијата која министрите за надворешни работи на двете земји ја потпишаа минатата година.

Казахстан важи за двигател на економијата во Централна Азија и отварањето Амбасада во Скопје ќе придонесе во големи размери кон продлабочување на пријателските односите меѓу двете земји, како и развој на економскта соработка и унапредување на договорната рамка.

Амбасадата на Казахстан би била прва резидентна амбасада од земја од Централна Азија во Република Северна Мaкедонија.

Подготвено од М.Н.

About Author