22.08.2023 Скопје
Самитот БРИКС, составен од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, се отвора денес во Јоханесбург, петнаесетти по ред од 2006 година и прв од пандемијата Ковид-19.
Самитот ќе трае до 24 август, и ќе биде предводен од јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса, Кинескиот претседател Си Џинпинг, Бразилецот Луис Инасио Лула да Силва и индискиот премиер Нарендра Моди.
Рускиот претседател нема да присуствува лично, туку преку видеоконференција, а во Јоханесбург ќе биде претставен од неговиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
На самитот се поканети 67 други странски лидери од Африка, Латинска Америка, Азија и Карибите, како и 20 шефови на меѓународни организации, вклучувајќи го и генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, комесарот на Африканската унија, Муса Факи Махамат и претседателката на Новата банка за развој на БРИКС, Дилма Русеф.
Подготвено од М.Н.