18.08.2023 Скопје
Во Собранието денеска во 11 часот треба да почне 123-та пленарна седница на која единствена точка на дневен ред е предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија.
Владината коалиција како предлагач на уставните измени нема такво мнозинство и постојано апелира до опозициските пратеници дека од ова зависат и евроинтегративните процеси на државата.
Согласно Деловникот за работа на Собранието, дебатата трае најмногу десет работни дена и треба да заврши на 31 август.
Одлуката за пристапување кон измена на Уставот, Собранието ја носи со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници односно со 80 гласови.
Интервенциите во Уставот се однесуваат на додавање делови од народи во Преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот, при набројувањето на деловите од народи во државата.
Во формулацијата: „Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“, после зборот бошњачки народ се става запирка и се додава: бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ.
Согласно ова, направена е измена и во Комитетот за односи меѓу заедниците за запазување на париретот на претставниците во Парламентот на сите вака утврдени заедници во Преамбулата на Уставот.
Подготвено од М.Н.