25.08.2023 Скопје
Данските власти одлучија да го санкционираат палењето на светите текстови, со што ќе го спречат ширењето на демонстративни дејствија како оние кои во последните месеци доведоа различни поединци да запалуваат копии од Куранот во јавноста.
Владата на Копенхаген ќе предложи затворска казна до две години за „неправилно постапување“ со верски текстови од широко значење.
„Ова се бесмислени дејствија чија единствена цел е да се создаде раздор и омраза“, изјави министерот за правда Питер Хумелгард, нагласувајќи дека заштитата на слободата на изразување се уште е силна вредност во Данска.
Владата е во контакт и со данската безбедносна полиција.
Министерот за надворешни работи Ларс Локе Расмусен истакна како палењето на Куранот доведе до зголемување на терористичката закана против Данска.
„Ова е важен политички сигнал што Данска го испраќа до остатокот од светот денес“, истакна министерот Росмусен.
Подготвено од М.Н.