mask i cukenberg 123

14.08.2023 Скопје

Сопственикот на Мета, Марк Цукерберг, смета дека сопственикот на компанијата X, Илон Маск е несериозен во врска со нивната потенцијална борба во кафез и рече дека е „време да се продолжи“ од таа приказна.

„Можеме да се согласиме дека Илон не е сериозен и дека е време да се тргне од оваа приказна. Понудив специфичен натпревар. Шефот на Ултимејт фајт федерацијата (УФЦ) Ден Вајт понуди да ја направи правна борба за добротворни цели. Илон не сака да понуди датум, воедно кажа и дека му е потребна операција, а сега бара да тренира во мојот двор наместо борба“, рече Цукерберг.

Маск во јуни твитна дека е „подготвен да се бори во кафез“, а Цукерберг одговори со порака „испрати ми ја локацијата“.

„Ако Илон сериозно се зафати со состанок и официјална тепачка, знае како да ме најде. Во спротивно, треба да продолжиме понатаму. Ќе се фокусирам на борбата со луѓето кои сериозно го сфаќаат тоа“, рече Цукерберг.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author