https://www.flickr.com/photos/greendayanddepp/380939503/in/photolist-zEq3t-6eo2nM-umwsP-p1Vk3b-5broG-7EfP-D7WuWx-duWAWW-g5peC-dT3Z78-JJNi8T-22JcN77-6iBy5G-qMmLj6-5KWnZb-PKUbFu-7VFmrE-MeeZTM-7ji7TR-6D5c5v-pqQNgF-5JGGt7-6ga5K8-eDeGyQ-xJL2Cz-zZu7F-au2Syu-bAy4Z4-xzjCh-YJ8kjs-tQRPM-sXuw9-APXCm-buNLc1-dM91ot-5F6CB-Y7imx8-8Y1znr-dMeyDd-sWrGE8-rRRf7f-3WWHU3-biaLa6-dM8ZHc-ncYNff-QYX68C-aceNBu-6SBTQ8-7XgMBn-ooVJq5

01.08.2023 Скопје

ЦУК соопшти дека во последното деноноќие имало вкупно 20 пожари на отворен простор, од коишто 19 биле пожари на отворен простор на ниска вегетација и еден пожар на шума во Неготинско, на 50 метри од стариот пожар.

Утрово нема пријави за активен пожар.

Според податоците пожари имало во регионите на местата во: Скопје 3, Битола 2, Прилеп 2, Крушево 1, Струмица 3, Радовиш 2, Гевгелија 1, Штип 1, Куманово 2, Велес 1, Неготино 1, Свети Николе 1.

Скопските пожарникари синоќа гаснеле запалена ниска вегетација на ул.Самоилова и во Кондово, а имали и две помале интервенци во Бојане и Депонија – Вардариште.

Во Битола била запалена ниска вегетација во с.Брусник на патот кон хотел Чифлик како и на ул. Јонче Мурџевски.

Противпожарните служби во Прилеп гаснеле запалено стрниште помеѓу с.Лажани и с.Житоше како и во атарот на с.Беровци.

Во Крушево подружницата „Липа“ на ЈП „Национални шуми“ со 3 вработени со 1 возило интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Борино. Зафатена површина од 0,1 ха.

Во струмичко пожарникарите интервернирале во два наврати во Општина Босилово, изгаснато е запалено стрниште од излез на с.Босилово према с.Еднокуќево и опожарена ниска вегетација и депонија на атарот с.Сарај. Во Муртино била запалена ниска вегетација, ѓубре, земјоделски отпад, пластични отпад и најлон кај депонија во ова село.

Пожар ги зафатил ниската вегетација и лендрите помеѓу двете коловозни ленти пред с.Прдејци на автопатот Гевгелија –Скопје.

Во источниот дел од земјава пожари се регистрирани кај депонијата кај Радовиш каде 2 противпожарни возила и 5 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација, отпадоци и сушара со 400 низи тутун, а запалена била и ниска вегетација кај индустриска зона Радовиш.

Поголема група пожарникари и доброволци учествувале во гаснењето на запалена плевна во која имало сместено бали сено во с.Црник, Општина Пехчево.

Кумановскиот РЦУК информира за запалено ѓубре во с.Слупчане и запалена ниска вегетација во с.Стрновац.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *