04.08.2023 Скопје
На веб-страницата на Европската комисија на 2 август е објавено дека високо ниво на канцероген акриламид е пронајдено во чипсот со вкус на пиперка кој патувал од Србија.
Европскиот систем за рано предупредување на својата веб-страница објави дека земја на пријава е Хрватска, каде е и уништен.
Хрватската агенција за храна објави дека се проценува дека присуството на акриламид во храната може да го зголеми ризикот од развој на рак кај сите возрасни групи.
Акриламидот најчесто се наоѓа во леб, пржени компири, чипс, житарки за појадок, бисквити, крекери и кафе.
Во соопштението на Министерството за земјоделство, се наведува дека по добиеното известување РАСФФ за зголемено ниво на акриламид во чипсот од прехранбениот производ со вкус на пиперка произведен во Србија, земјоделската инспекција издала наредба за вонреден преглед на погонот за производството на спорниот производ.
Од Министерството наведуваат дека контролата е во тек и по добивањето на резултатите од анализата ќе објават подетални информации и мерки што ќе ги преземе земјоделската инспекција.
Подготвено од А.Ѓ.