31.08.2023 Скопје
Европските и американските берзански индекси растат четврти ден по ред оваа недела.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 10:15 часот порасна на 15.992,65 поени, исто како и лондонскиот FTSE 100 – на 7.475,95 поени, францускиот CAC 40 – на 7.383,37 поени, а московскиот MOEX – на 3,23 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс скокна на 34.890,24 поени пред денешното отворање на берзите во САД, како и вредноста на индексот S&P 500 – на 4.514,87 поени, а индексот Nasdaq – на 14.019,31 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта порасна на 81,877 долари за барел, додека цената на нафтата од типот брент падна на 85,152 долари.
Европските фјучерси на гас се продаваа денеска на отворањето на берзата ТТФ по цена од 38.005 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 1.945,25 долари за унца, додека цената на пченицата падна на 57.084 долари за бушел (бушел е еднаков на 27.216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08966, што е за 0,25 отсто помалку.
Подготвено од А.Ѓ.