09.08.2023 Скопје
Според податоците на американската Агенција за енергетски информации (ЕИА), цените на нафтата на светскиот пазар се во пораст.
Американската Агенција за енергетски информации проектира подобри изгледи за економијата.
Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море порасна за 25 центи и сега изнесува 85,59 долари за барел.
Во Њујорк цената на лесната сурова нафта порасна за 30 центи на 82,24 долари за барел.
Агенцијата за енергетски информации предвиде дека БДП во Америка ќе порасне за 1,9 отсто до крајот на оваа година. Исто така, предвидува и дека цената на нафтата „брент“ во втората половина од годината во просек ќе изнесува 86 долари за барел.
Според извештаите, производството на сурова нафта во САД се очекува да се зголеми за 850.000 барели дневно до рекордни 12,76 милиони барели оваа година.
Подготвено од А.Ѓ.