Photo by Pixabay: https://www.pexels.com/photo/industrial-machine-during-golden-hour-162568/

15.05.2023 Скопје

Слабото економско закрепнување на Кина и посилниот американски долар би можеле да извршат притисок врз цените, но Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините партнери, познати како ОПЕК +, сигнализираа дека ќе направат се што е потребно за да ја намалат понудата и да ги стабилизираат пазарите.

Посилниот долар врши притисок врз побарувачката за нафта бидејќи ја прави стоката поскапа за купувачите што поседуваат други валути.

Меѓународната агенција за енергија во својот месечен извештај пак, објави дека се очекува намалување на производството од страна на членките на ОПЕК +, Саудиска Арабија и Русија, а тоа потенцијално ќе ги зголеми цените на нафтата во остатокот од годината.

Портпаролот на Шел изјави дека извозот на нигериската сурова нафта Форкадос е обновен, по еден месец, откако товарењето на таа нафтена марка беше суспендиран поради потенцијално истекување на извозниот терминал.

Поради оваа суспензија, во јули Нигерија беше втората земја што придонесе за пад на производството на сурова нафта во ОПЕК.

ОПЕК објави дека цената на барел кошничка нафта на неговите членки паднала за 78 центи, на 88,97 долари.

Цената на барелот на лондонскиот пазар падна за 93 центи во однос на претходната промена на цената, на 86,46 долари, а на американскиот пазар барелот се продаваше по пониска цена од 1,03 долари, по 82,81 долар.

Подготвено од М.Н.

About Author