11.08.2023 Скопје
Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), соопшти дека цената на оризот е зголемена за 2,8 отсто во јули, односно на 129,7 поени, што е највисоко во последните 12 години.
Во споредба со јули 2022 година, цената на оризот пораснала за 19,7 отсто поради забраната на Индија за извоз на некои видови ориз и неповолните временски услови кои би можеле да влијаат на производството.
Индексот на цените на оризот на (ФАО) веројатно ќе биде уште поголем во август отколку во јули, поради негативно влијание на климатскиот феномен Ел Нињо врз производството на ориз, како и за прекинот на жетвата во Виетнам поради дождовите, смета високиот аналитичат на глобалната банка за храна и земјоделство Рабобанк, Оскар Тјакра.
Подготвено од М.Н.