23.08.2023 Скопје
Република Бугарија учествува во воената вежба која започна во понеделникот во Грузија под команда на САД, наречена Agile Spirit.
Целта на оваа воена вежба која е предводена од САД е, да се помогне во одржувањето на стабилноста и безбедноста во регионот на Црното Море.
Во воената вежба учествуваат 3.500 војници од 25 земји членки на ЕУ и НАТО,
Република Бугарија испрати вод лесна пешадија од 61. механизирана бригада во Грузија, соопштија од бугарското министерство за одбрана.
Воените вежби е предвидено да завржат на 1 септември.
Подготвено од М.Н.