25.08.2023 Скопје
Германија забележа стагнација на Бруто домашниот производ во вториот квартал од 2023 година.
Оваа информација ја објави статистичкиот институт Дестатис.
Бруто домашниот производ на главната европска економија забележа нула раст во кварталот меѓу април и јуни, покажуваат конечните податоци на статистичкиот институт, што ја потврдува првичната проценка направена на крајот на јули.
Во претходните два квартали, според институтот Дестатис и сезонски прилагодените податоци, растот на БДП беше 0,4 отсто и 0,1 отсто.
Подготвено од М.Н.