04.08.2023 Скопје
На веб-страницата на компанијата „British Airways“ се објавени нови дестинации, меѓу кои Белград и Рига, кои британскиот национален авиопревозник ќе ги оперира од Лондон, од аеродромот Хитроу, нагласувајќи дека Белград е интригантен град кој ќе ги воодушеви патниците.
По 13 години ќе се обноват летовите меѓу Белград и Лондон, а од 31 октомври три пати неделно ќе летаат до главниот град на Србија со авиони А320 и А321.
„British Airways“ на својата веб-страница наведува дека Белград, еклектичниот српски главен град, е калеидоскоп на бои, култури и фасцинантна историја.
Локално познат како Белиот град, има многу да се открие, од традиционална балканска архитектура до вековна тврдина и софистицирана кулинарска сцена.
Од британската авиокомпанија топло препорачуваат „пробајте бурек, топло пециво полно со топено сирење и шљивовица, ракија од слива, која е и национален пијалок на Србија.
Новите авио линии им нудат на патниците од Белград и Рига можност да летаат преку Лондон до уште 120 дестинации во сообраќајот на кратки релации на „British Airways“.
Покрај летовите за Рига и Белград, „British Airways“ од ноември најави и летови до египетскиот Шарм ел Шеик.
Подготвено од А.Ѓ.