izgradba na nuklearna centrala vo finska

23.08.2023 Скопје

Британскиот министер за енергетика Грант Шапс ја посети Украина за да објави нова финансиска поддршка за снабдувањето со нуклеарно гориво во обид да ја зајакне енергетската безбедност на Киев и со надеж дека ќе ја прекине неговата зависност од Русија.

Обединетото Кралство ќе обезбеди гаранција за заем од 192 милиони фунти (225 милиони евра) на националната нуклеарна компанија на Украина, Еnergoatom, преку агенцијата за извозни кредити на Велика Британија, UK Export Finance.

Според Министерството за енергетска безбедност, новиот заем ќе ја гарантира невоената финансиска помош на Велика Британија за Украина од речиси 5 милијарди фунти (5,8 милијарди евра).

Подготвено од М.Н.

About Author