30.08.2023 Скопје
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, ќе го постави прашањето за Нигер на масата на европските министри за одбрана, особено дали да се применат санкции за пучистите кои ја презедоа власта во оваа субсахарска земја.
Ова го изјави самиот Борел по неговото пристигнување на неформалниот состанок на европските министри за одбрана што се одржува во Толедо.
„Министрите ќе одлучат како можеме да продолжиме да ја поддржуваме заедницата на Западна Африка. Како што кажавме од самиот почеток, идејата е да се најдат африкански решенија за африканските проблеми“, изјави Борел.
Подготвено од М.Н.