https://www.facebook.com/photo.php?fbid=508107661357647&set=pb.100064752514145.-2207520000.&type=3

08.08.2023 Скопје

Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека улогата на Бразил и неговиот претседател Луис Инасио Лула да Силва е клучна во постигнувањето на обновувањето на договорот за украинските коридори за жито во Црното Море, кои моментално се суспендирани од страна на Русија.

Блинкен истакна дека како резултат на суспензијата на договорот и помалата достапност на житни култури на глобалниот пазар, цените се зголемени и за земјите кои директно не добивале залихи од Украина.

Има 250 милиони луѓе во светот кои се во состојба на несигурност на храна, а она што се случи во последните години е последица на неколку фактори, истакна секретарот, наведувајќи ги и климатските промени и пандемијата „Ковид-19“.

„Соочени сме со голем предизвик, а тоа е да создадеме поголема безбедност на храната на одржлив начин, без оглед на конфликтите и климатските промени“, додаде Блинкен.

Подготвено од М.Н.

About Author