blinken

25.08.2023 Скопје

Американскиот државен секретар Антони Блинкен одржа трилатерален телефонски разговор со своите колеги од Јапонија и Јужна Кореја, Јошимаса Хајаши и Парк Џин, за да разговара за вчерашниот обид на Северна Кореја да стави воен сателит во орбитата.

Оваа информација ја соопшти американскиот Стејт департмент, според која тројцата министри остро го осудија лансирањето, оценувајќи дека тоа е кршење на повеќе резолуции на Советот за безбедност на ОН.

Блинкен и неговите соговорници, исто така, ветија дека ќе продолжат со трилатералните консултации врз основа на договорите што ги воспоставија лидерите на трите земји на неодамнешниот самит во Кемп Дејвид.

Тројцата шефови на дипломатии ја истакнаа потребата од напори на меѓународната заедница да ги блокира активностите и протокот на капитал што Пјонгјанг ги користи за финансирање на своите балистички и нуклеарни програми.

Подготвено од М.Н.

About Author