18.08.2023 Скопје
Претседателот на САД, Џо Бајден, е подготвен да се сретне со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, „без предуслови“ за да разговара за денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров.
Ова го соопшти Џон Кирби, кој е координатор за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност на САД.
„Тие не одговорија позитивно на таа понуда, но таа се уште е на маса. Ние сме подготвени да седнеме и да преговараме без предуслови“, истакна Кирби.
Оваа информација е соопштена во пресрет на самитот што Бајден ќе го одржи со неговиот колега од Јужна Кореја, Јун Сук-Јол и со премиерот на Јапонија, Фумио Кишида.
Кирби постави хипотеза дека Северна Кореја би можела да реагира на денешниот самит меѓу тројцата лидери во Кемп Дејвид, каде меѓу главните теми ќе биде развојот на нуклеарните и ракетните капацитети на Северна Кореја.
Подготвено од М.Н.