https://www.facebook.com/photo.php?fbid=745939367533029&set=pb.100063509179160.-2207520000.&type=3

24.08.2023 Скопје

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден изјави дека „не е изненаден“ од веста поврзана со смртта на Евгениј Пригожин, лидер на руската паравоена компанија „Вагнер“.

На прес-конференција пред новинарите, Бајден изјави дека не знае се уште во детали што се случило, но дека воопшто не е изненаден.

На прашањето за можната вмешаност на рускиот претседател во инцидентот, Бајден истакна дека „не се случува многу во Русија без претседателот да биде запознаен за тоа“, и додаде дека во моментов не може да даде одреден одговор на ова прашање.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *