https://www.facebook.com/photo/?fbid=813684350758530&set=pb.100063509179160.-2207520000.

23.08.2023 Скопје

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, ќе ја посети Индија во септември за да учествува на самитот на лидерите на Г-20 што ќе се одржи од 9 до 10 септември во Прагати Мајдан, Индија.

Оваа информација ја соопшти американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан на брифинг со новинарите.

„Претседателот ќе ја потврди посветеноста на Соединетите држави да ги поддржат напорите на Г-20 на полето на меѓународната соработка, како и нивната подготвеност да биде домаќин на самитот во 2026 година“, изјави Саливан.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *