avstrija

30.08.2023 Скопје

Владата на Австрија денеска презентираше пакет мерки со кои планира да го сузбие влијанието на високата инфлација, меѓу кои се и тригодишното ограничување на зголемувањето на киријата за становите и замрзнувањето на патарините.

Владата исто така ги ограничи и цените на налепниците што треба да ги имаат граѓаните за автомобилите за користење австриските автопати на 96 евра годишно.

Најновиот пакет на коалицијата на конзервативната Австриска народна партија на канцеларот Карл Немер и Зелената партија на Коглер доаѓа во момент кога австриските политичари се подготвуваат за изборите што се очекуваат кон крајот на 2024 година.

Годишната стапка на инфлација во Австрија во месец јули изнесуваше 7 отсто.

Подготвено од М.Н.

About Author