16.08.2023 Скопје
Аргентинската влада го прекина извозот на говедско месо на 15 дена, со цел да ги стабилизира цените на домашниот пазар.
Мерката е донесена во пресрет на договор за цените со конзорциумот на производители, а без договор нема да има дозволи за извоз.
Аргентинскиот пезос падна за повеќе од 20 отсто во понеделникот по резултатите од прелиминарните избори, на кои победи екстремно десничарскиот политичар и економист Хавиер Мајли.
Цената на говедското месо скокна за 20 до 30 отсто.
Ова не е првпат аргентинските власти да прибегнуваат кон прекин на извозот на месо за да ги регулираат цените на домашниот пазар.
Слична одлука беше спроведена во пролетта 2021 година поради континуираните поскапувања.
Подготвено од А.Ѓ.