severna koreja uapsen vojnik sad

03.08.2023 Скопје

Командата на Обединетите нации, која управува со Демилитаризираната зона меѓу двете Кореи, соопшти дека пребегнатиот американски војник Тревис Кинг се уште се наоѓа во притвор во земјата.

Командата на ОН, која разговарала телефонски со севернокорејската војска, соопшти дека нема да објави други детали од одговорот на Пјонгјанг, со цел да не се меша во напорите за враќање на војникот дома, но истакна дека Пјонгјанг бил подготвен да почне со преговори.

Бидејќи САД и Северна Кореја немаат дипломатски односи, шведската амбасада во Пјонгјанг често преговараше во името на САД.

Дваесет и тригодишниот Кинг, пред да ја премине границата, бил два месеца во притвор во Јужна Кореја поради физички напад.

Кинг се соочувал со дисциплинска постапка и требало да биде спроведен во САД, но место да се качи во авион, избегал од аеродромот во Инчеон и се упатил кон границата, каде што се придружил на цивилна обиколка на Демилитаризираната зона.

Оваа зона е една од најсилно утврдените области на светот, исполнета е со мински полиња, електрична и бодликава жица и со надзорни камери.

Подготвено од М.Н.

About Author