juzna koreja ambasada vo tokio

15.08.2023 Скопје

Амбасадата на Јужна Кореја во Токио добила е-пошта во која непознато лице се заканувало дека ќе го разнесе дипломатскиот штаб пред прославата оваа недела за ослободувањето на земјата од јапонската колонијална власт во 1945 година.

Во соопштение од амбасадата е истакнато дека јапонската полиција одлучила на зајакнување на безбедносните мерки околу зградата.

Ова не е прв случај од ваков вид на закани во последните денови.

На 7 август, неколку функционери на општинската администрација во Сеул добија е-пошта во која се закануваа дека ќе активира бомба во центарот на главниот град на Јужна Кореја, доколку не биде убиен лидерот на Демократската партија Ли Јае-Мјунг.

Два дена подоцна, друга е-пошта се закануваше дека ќе ги крене во воздух Националниот музеј на Кореја, јапонската амбасада и кулата во Сеул и едно јапонско училиште.

Подготвено од М.Н.

About Author